Театар во време на диктатура

од desk2
200 прегледи

По повод “Светскиот ден на театарот“

Драги колеги театарџии, првин мислев за овој наш празник, да ви напишам нешто што вие би го очекувале од мене, на пример да напишам, дека:

“Светскои Ден на Теарарот“ би требале да го славиме само парцијално, како: “Ден на Барокни кулиси“ – Не врлам дека вината е целосно кај нас, но делумно сиугурно е.

Jugoslav Petrovski

Во овие 11 години диктатура, оставивме огромен, комотен, простор; како во се останато, како во сите облици на општествено живеење и постоење на оваа држава; за да Царот може да си ја спроведе и својата сопствена замисла за театарот. Како што бираше споменици низ светот и кажуваше која “реплики“, од кој споменик, на кое место од Скопје ќе бидат поставена, како што го бираше ентериерот на кинеските автобуси, како што имаше “генијална“ идеја да- авробусите, возовите, па и целата држава – се подвлече со едена портокалова црта – “за да се остави траг во времето“… Така исто, дозволивме, лош театарски дилетант, и неуспешен апликант на ФДУ, од позиција на на “Цар на Македонија“, да го спроведе своето елитистичко поимање за театарот: Неговото разбирање на театарот како простор, зграда, сцена, конгресно здание – а не како живот, потреба, комуникација…

Секако дека тој тоа не можеше да го спроведе сам, но веднаш на услуга му се стави цела дворска свита, составена: од архитекти до куртиузани, од “чанколисци“ до “собирачи на трошки од царски трпези“, од “ дворски шутови“, “тезгазароши“ ( неодминливи, независно од системот и начинот на владеење ), понатаму – дури и оние кои што се обидоа да бидат “икони“ на ова грдо – фашистичко време – па дури и станаа такви “иконик“ на времето кое го живееме. Станаа “грди-фашистички-икони“ ( супер-ѕвезди ) и како такви “икони“ ќе ги памети и народот, но пред се –и истоиријата… коако “грди, грди, икони“; (“грди дури и за фашизам“)!

Та целиот овој период, оваа деценија, во Македонскиот театар, јас би ја именувал како: “Фасадерско- кулисно/зас-кулиден период“!

За да не би должел многу, целата состојба со театаеот во: Диктарторска Македонија, би го објаснил преку – “Случајот на старо/новиот МНТ.“

-Се дадоа огромен куп пари за театар, а не се вложи ништо во театарот… …Што? Зар е можно да мора да се дообјаснувам, јас мислев дека како порано, се ке стане јасно со една добро срочена реплика.

Добро, ајде да пробаме вака: “ Парите отидиа на корупката ( освен оние кои ги смотавте по длабоките патриоко-апашки џебови ) а бидејки воопшто не се водеше сметка за бананата, банатата за жал – скапа!

Не!? Пак…. не? …Тешко некако ни оди со метафори и подтексти…

Е па ајде тогаш, да се обидеме да се објасниме со јазик кој ни стана својствен, а во некои многу поубави времиеа, се исмејувавме со истиот, или воопшто не сакавме да го користиме; ни беше под нашето, уметничко, ниво!

Еве преведено и на тој, за жал, јазик кој го има изканцерозирано и теаратот: Како резултат на десетгодишната пропагандно-популистичка политика на “груевистите“ во културата и уметноста, како резултат на тоа груевистичко „фасадерство“; фасадерско интервенциски пристап кон уметноста, меѓу збирштинара именувана “Скопје 2014“, го имаме и „Барокниот“ МНТ.

Едно грдо, нефункционално и неверојатно скапо зградиште. Кое наместо да исчекори напред и да претставува некаков припој на нашата кон современата, модерна, европска култура, ова „франкенштајнско здание“ нè враќа назад низ времето… и така, автоматски, наместо да имаме „жив“ театар, кој пулсира во ист ритам со современте светски театарски текови и трендови, имаме театар кој е нешто што “не живо“. Оваа зграда е градена не за да му се даде квалитет плус на културното живеење во Македонија, туку за да се исполнат лични хирови на поединци, и да се ресоздадат “урнатите спомени“ на една генерација која веќе исчезнува (или воопшто ја нема). Со самото тоа реплицирање и клонирање на „мртва“ зграда, наместо да се изгради современ театарски објект, е направен мошне лош чекор во разбирањето на театарот, направена е зграда која и ако е театар, повеќе се внимавало да биде музеј на некоја наводна “поранешна илузија“, се градел нов објект, а се гледало цело време кон минатото, наместо да се гледало во сегашноста или барем во иднината на театарот во светот.

Зароа ваквиот “старо/нов МНТ, повеќе наликува ( и за секогаш ќе наликува, ако не се превземе нешто радикално ) на: Спомен куќа, музеј, споменар, споменик на “полу-воштени“ фигури и сл. … место каде ќе може да седне “дедо“ и на сите да им раскаже една стара „комитска приказна“… ( И воопшто не е проблем во “комирските приказни“, тоа е нај мал проблем, ќе раскажуваме и комитски приказни, јас обожавам такви приказни… а вие, колеги, мои, напротив, убедени сте дека проблемот е во тоа што јас не сум љубител на “комитски приказни“… Не! Воошто не е така… тоа е исто како да го гледате врвот, а да не сте свесни за сантата под ледениот врв… ) Ваквиот фасадерско интервенциски пристап кон театарот, резултираше со едно грдо, нефукционално, неверојатно скапо зградиште ( зградата на Ново/стариот МНТ, за кои пари ке се изградеше и МНТ и уште по еден нов театар во секој град од Македонија. )…но овава не се однесува само на “Старо/новиот МНТ“, затоа тука би запрел, за да не дојде до забуна – оти поентата ми е сосема поинаква:

“Ново-стариор МНТ“, го земам само како “маскота“, како општ пример, како егземплар, како нешто преку кое би порозборел за севкупниот однос на Царот и неговите груевисти, кон културата во Македонија за време на оваа нивна 11 годошна – диктатура… секое ваше дејствување целосно го искривоколчуваше геномот и идентитетот на Македонскиот народ. Токму во правецот на: невкусот и неквалитетет, што на крај резултиташе со уривање и чизмашки кршење на коските и кичмата на културната вертикала на македонскиот националниот идентитет.

Но веке секому му станува јасно дека Диктаророт и неговата “дворско -театарска“ свита, не го интереситале ни националните, ни патриотските, ни вмровските, туку исклучиво – тендерско–финансиските “темели’ на теарарот… Тие, односно првенствено нивниот Вожд, го разбираа театарот исклучиво – како простор, зграда, сцена, а не како живот, потреба, комуникација…

Со таквиот нивен пристап кон театарот како кон нешто непотребно, елитно, одвоено од живото, тие театарот го сведоа на нешто налик на “Македонски шуми“, место каде, од партиските списоци, ќе бидат ухлбувани партиски војници, место каде ќе се шири мрежата на партиски “должници“, “митигаши“, “говорници“, “предводници“, дури по потреба и „аналиричари“ и што се подразбира: сигурни гласачи…. Со неводење сметка, кој , како и колку луѓе ќе се вработат во театарот, се допринесе дополнително театарите ширум Македонија да станат нефукционални, инертни, не мотивирани, и со се поголема можност за театарски исход кој ќе резултира со неквалитет, самозадоволство, неконкурентност… …При вакво, целосно непознавање на природата на театарот, се направи, создавачите, креаторите, уметниците, актерите, да се собираат околу “барокна“ зграда, а не околу добра идеја, да се собираат кон режисери кои се на повисоко “комесарско место“ на “ партиското списоче “ –наместо околу издржана поетика или квалитетен проект. А она што ги обединува и “мотивира“, да биде – една огрома празна зграда, а не лично внесување и самоискажување преку препознавање и поистоветување со квалитетна идеја која би резултирала во квалитетен театарски чин.

И несомнено е дека на сето оваа, за сите овие 11 год. диктатура, или немо тлеело, или гласно се бунтувало, секој од нас, секој каков што е сооздаден… некој само во себе, некој пред сите – некој само пред огледало – некој и во притворска ќелија…

А има и една друга работа, која историјата, како најмудрата учителка, ни ја раскажува: Секогаш тешките периоди од човечката историја, оние најтешките и најзлокобните, ете токму како овој груевизам, оваа децениска диктатура, таквите периоди – во уметноста секогаш резултирале со големи уметнички дела. Па така и овој најмрачен период од нашата современата македонска историја, верувам дека може да исползува високи достигнувања во уметноста…

п.с.

Го препрочитувам текстот, и ете, срцето не ме остава, да барм на крај, да ме му вметнам некоја од нашите пошарени бои:

Па така се асоцирав на еден научно-зоолошки факт, кој би можел да се ракаже и како анегдота, како анегдота со порака… дури и како КАТАРЗА на оваа мое ПИСМО за “Светскиот ден на театар“

Анегсотата е за алчни вождот, бананите и слонови.

Во некои делови од Африка, од време на време, се случува, некој алчен племенски вожд, да собере неколку по мускулсти соплеменици и заедно со нив, од џунглата, да си ги присвојува деловите од племенското земјиште кај што се најплодни со банани, и од нив да направи плантажи, плантажи за банани…

Во тие делови од џуглата живеат и слонови.

Газдите,немаат некоја корист од слоновите – но немаат ни штета, на пример: ги корист да им крчат пат, да влечат стари стебла, да изгледаат повисоко и поважно – кога ќе им се качат на грб – та така “доминираат“ над соплемениците, кои постојано им прават проблеми – Убедувајки се околу тоа дека никому не му е деадено право да узурпира дел од џунгла и да присвојува банани само за себе, а никако за профит( особено ако соплемениците гладуваат ), оти бананите се за сите, особено за сите кои се гладни… при тоа, алчниот Вожд и неговата “дружба“ се искачуваат врз слоновите, па така, слоновите им доаѓаат нешто како знак на доминација врз останатите; само поради тоа, и на слоновите им е дозволено са се хранат со банани… Племенскиот вожд, со своите бандити од племето, колку е можно, до крај, до максимум, ги искористуваат плантажите со банани, и по некое време, ги товарат бананите на слоновите, ги продаваат, и полни со пари, го напуштаат местото кое е толку испустено што веќе неможе да се користи за ништо… …Затоа апашите, алчните изроди од својот народ, прдизвикуваат пожар на тоа место, огромен пожар, и си заминуваат далеку од тука, најчесто на некои богати острови со градови, банки и туристи…

… Е тогаш настанува пекол за слоновите!

Кога во џунглата има пожар,животните бегаат или подлабоку во џунглата или кон океанот, а слоновите, трчаат, трчаат, се дур не дотрчаат до некој крстопат, ако од крстопатот водат два или повеке пата, на пример: лево или десно… Слонот….тој, нема да тргне никаде, ни по еден од патиштата кои се пред него, туку во паника, неможејки да донесе; правилна, или било каква да е одлука; слонот доживува нервен слом и умира на место…

Исто се случива и да се работи и за цело крдо, при пожар, во паника, ако се најдат во позиција, на крстопат, сами да одлучат на кај да се тргне, сите до еден умираат од нервен слом!

( Ова е докмументирано и научно докажано – Слонот, при паничен пожар, ако дојде до крстопат, паѓа на место мртов – поради моментален нервен слом. Вистина е! Но не мора да биде, и вака приказна си ја врши фукцијата,всушност… уште пострашно е што е вистина. )

Сега, јас не би додавал ништо – Оти, по мене лоши се оние приказни кои треба да ги дообјаснуваш.

Само мислам дека треба да ја објаснам моменталната состојба во џунглата.

Џунглата е запустена. Парите собрани. Диктаторот чкрапа ли чкрапа – Кога збори, чиниш огин- блуе! Би палел!

Но вие… вие доста…Та не бидете веќе слонови!!!

Какви да сте, заслужувате, подобро – многу подобри!

Југослав Петровски