Ако работиме во канцеларија, веројатно сме чуле за потребата да стануваме од столот и да се движиме барем на секој час. Паузите обезбедуваат многу придобивки за здравјето, што на крајот ја подобрува и продуктивноста во текот на денот.
Редовните одмори во текот на денот ја одржуваат концентрацијата и го подобруваат нивото на енергијата. На овој начин мозокот се одмора, по што можеме да се фокусираме на задачите кои треба да ги завршиме.
Една од предложените стратегии препорачува да работиме во текот на 25 минути и да си одмориме за 5. По четири слични “серии” можеме да си одмориме за 15 – 30 минути. Според специјалистите на овој начин се штитиме од „прегрејување“, не сме толку расеани и создаваме подобра рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.
Што се однесува до тоа што да правиме за време на паузата, целосно зависи од нас. Ние би можеле да се протегаме, да се шетаме, да јадеме, читаме, слушаме музика или да разговараме со пријателите.
Активноста нема никакво значење, најважно е да се одмориме од работниот процес за кратко и да се придвижиме, бидејќи кога поминуваме долги часови зад биро, мускулите ни се вкочануваат, што доведува до болка. Ова важи за вратот, грбот, рацете, зглобовите, особено ако работиме на компјутер.
Кога мускулите немаат можност да се релаксираат, има ризик болката да се влоши, што го забавува и целокупниот работен процес.
Мозокот исто се уморува, кога работиме премногу долго. Тогаш почнуваме да губиме концентрација се намалува нашата способност да перцепираме нови информации и донесувањето на одлуките станува потешко.
Кога не се препуштаме на паузи, резултатот е зголемено ниво на стрес, раздразливост, како и опасност од оштетување на здравјето на долгорочен план, вклучувајќи развој на депресија, кардиоваскуларни болести и дијабетес.