Изби отворена војна меѓу Јанева и Зврлевски: Ги скара притворот на Кочан

од desk2
189 прегледи
Со писмен допис под назнака „МНОГУ ИТНО!“ адресиран до Врховниот суд, обвинителка Катица Јанева го повлече барањето за укнување на притворот на Сеад Кочан, што го испрати обвинителството на Марко Зврлевски, информир ТВ24.
Во дописот Јанева посочува дека СЈО е исклучително надлежен да постапува по предметите што се поврзани со материјалите од прислушуваните разговори.
„Јас како Јавен обвинител кој е исклучиво надлежен да постапува по предметите поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комункациите во сите судски инстанци , го повлекувам поденесеното Барање за заштита на законитоста КО3 бр.71/2017 од 27.03.2017 година поднесено од Јавното Обвинителство на Република Македонија.“
Од Јавното обвинителство молк. Нема одговор како и дали ќе постапувата дополнително откако Јанева им го повлече барањето што тие го поднесоа за укинување на притворот.
Првиот човек на Врховниот суд, Јово Вангеловски за Телевизја 24 вели дека совет од судии ќе го разгледува барањето на Јанева, а во истовреме се води и постапка за барањето на Зврлевски.
Целиот текст можете да го прочитате тука