Неповторливиот гитарист, кој е ставен на второто место на листата „100-те најголеми гитаристи на сите времиња“ „Ролинг Стоун“, Ерик Клептон, наполни 72 години.

Тој е роден во 1945 година во Рипли, Велика Британија. Во својата долгогодишна кариера Ерик Клептон остава значајна трага во историјата на музиката, откако се смета за еден од најважните и највлијателните гитаристи на сите времиња.

Во 1994 година е награден со титула Офицер на Редот на Британската Империја од Кралицата Елизабета II, а на 3 ноември 2004 година на церемонија во Бакингемската палата со титула Командор на Редот на Британската империја.