Сте доживеале ли жамеву, обратно од дежаву?

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Освен чувството дека нешто веќе сме виделе, сме доживеале постои и обратно чувство, кое се нарекува жамеву.

Чувството за дежаву е познато на секој човек. Тоа е чувство дека нешто што ни се случува во моментов, веќе сме го преживеале, пренесува Менаџер Њуз. Меѓутоа постои и обратно чувство – жамеву. Тоа е, кога се наоѓаме во целосно позната средина, опкружени со луѓе кои добро го познаваме, но одеднаш добиваме чувство дека сето ни е целосно ново и непознато дека никогаш порано не сме биле на ова место дека за прв пат наидуваме во оваа ситуација дека за прв пат гледаме луѓето околу нас.

Постојат различни видови жамеву. На пример, кога не препознаеме напишани зборови или слушнати фрази – небаре тоа е непознат јазик и не разбираме што значи. Или гледаме пејсаж пред нас и во еден миг го забораваме иако не сме престанале да го гледаме.