
Британски ветеринари успеаја да и го спасат животот на мачката Принсес која се отру со течност за сопирачки. Оваа отровна течност и паднала од автомобил и паднала врз крзното додека таа била во градинарска колиба, пишува агенцијата ЈУПИ.
Во обид да ја отстрани хемикалијата, таа со јазик го лижела крзното. Но, 7-годишната Принсес се отрула од содржината – етил гликол.
Сопственичката на животното Тереза Корејра Марија брзо ја одвела до лондонските ветеринари од Син крст. Тие од своја страна одлучиле да го икористат единственото решение, како противотров во вакви случаи се користи – етил алкохол.
Лекарите направиле слаб раствор од вотка и го вмризгале во крвта на Принсес, која по 24-часовна интервенција постепено се враќа во нормалниот живот.