Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

од desk2
84 прегледи

  Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 12 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

До  четврток во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките планини ќе има услови за повремени слаби врнежи од снег. Во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Од четврток кон крајот на денот ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, повеќе изразен ќе биде долж Повардарието во југоисточните делови на земјава.