Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Златан Ибрахимовиќ нема да го продолжи договорот со премиерлигашот и по завршување на сезоната ќе премини во Лос Анџелес Галакси, објави американски „Фокс“.
Како што е наведено, 36-годишниот шведски репрезентативец ќе го добие најбогатиот договор во историјата на МЛС лигата, но се уште не се објавени детали.
Ибрахимовиќ често пати изјавуваше дека има голема желба да се обиде во САД, а според тамошните медиуми тоа ќе му биде овозможено од лето.
Него во јуни му истекуваат обврските кон Јунајтед. И покрај тоа што има можност за уште една година престој на „Олд Трафорд“, нема да остане таму поради лошите резултати.
Швеѓанецот оваа сезона постигна 26 гола во 41 настапи во сите натпреварувања.
Во Лос Анџелес за Галакси своевремено настапуваше и Дејвид Бекам, поранешен фудбалер на Јунајтед