Германскиот министер за правда Хајко Маас се откажал од плановите за воведување парични казни до 50 милиони евра за социјалните мрежи, како што е Фејсбук, доколку тие веднаш не ги отстранат клеветничките или непријателски статуси, пишува германскиот весник „Шпигел“.
Владата на канцеларката Ангела Меркел го разгледува предлог законот, поднесен од Маас минатиот месец. Законот наложува стандарди како социјалните медиуми да дејствуваат во случај на жалби и бара тие да ја отстранат содржината, која ги прекршува германските закони. Првично во законот постоеше правило за воведување казни дури и по единствен инцидент, при кој социјалните мрежи веднаш не ги отстранат непријателските или клеветничките содржини. Во модифицираната верзија на предлог законот се наведува дека еднократно нарушување не значи дека некој социјален медиум нема ефикасни средства за да се справи со жалбите, поврзани со говор на омраза. Во законот се бара од регулаторните органи да внимаваат кога утврдуваат казни, со што слободата на говорот да биде заштитена.
Откако Маас минатиот месец го предложи овој закон, различни групи во Германија предупредија дека може да дојде до остри реакции од страна на социјалните медиуми.