Лацио прв финалист во италијанскиот куп

од Vladimir Zorba
86 прегледи

 

Екипата на Лацио е првиот финалист во фудбалскиот Куп на Италија откако го елиминира градскиот ривал Рома по двата меча во полуфиналната пресметка.

Синоќа во реваншот Рома ја имаше улогата на домаќин и победи со 3:2, но тоа не беше доволно да се анулира негативата од 0:2 од првиот дуел на кој Лацио беше домашен ти.

Головите за Лацио ги постигнаа Сергеј Милинковиќ-Савиќ (37.минута) и Чиро Имобиле (56), а стрелци за Рома беа Стефан Ел Шарави (43) и Мохамед Салах (66 и 90).

Противникот на Лацио во финалето ќе биде познат вечерва по одигрувањето на реваншот (почеток 20:45 часот) од второто полуфинале во кое се среќаваат домаќинот Наполи и Јувентус. На првиот дуел во Торино, Јувентус победи со 3:1./MIA