Нелигитимниот претседавач на собранието, Трајко Вељановски да се фати за уши и да се исфрли од спикерското столче.

Вака фигуративно професорот Љубомир Фрчкоски во последната колумна „Пред портите на вистинска криза“, порачува каква треба да биде стратегијата на СДСМ за забрзано формирање на новата влада, го цитира новинарот на Телевизија 24.
Партијата која ја предводи Заев мора да превземе одговорност за формирање на влада, согласно подршката која ја има од граѓаните, вели Фрчкоски.
Во политиката можат да ви простат се, но слабост и неодлучност никогаш. Во овие моменти се прекршува јавноста и домашна и светска, околу способноста на СДСМ да предводи.
Дел од познавачите сепак не се согласуваат со ставот на Фрчкоски, главниот уредник на „Слободен печат“, Бранко Геровски вели дека е помудра мирна опција за трансфер на власта.
„Не постои поддршка за една таква ризична акција, па не постои поддршка и од меѓународниот фактор. Она што се чинело како добар план кога се носела одлуката СДСМ да бара подолжување на седницата, треба да се продолжи“. – вели Героски.
Лидерот на СДСМ, Заев пак неколку пати кажа дека неговата партија има стратегија за деблокирање на собранието без да ја открие, но и додава дека трпението е при крај.
Целиот текст можете да го прочитате тука: