За нападот врз пратеникот Максим Димитриевски -Овие дивјаци не се полицајци!

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Мојот колега и пријател Maksim Dimitrievski вчера беше нападнат од десетина луѓе, помеѓу кои имало и вооружени полицајци во цивилна облека. Нападот се случил за време на семејна прослава на роденденот на неговата сопруга, во еден кумановски ресторан. За среќа, Максо нема посериозни повреди.
Штом полицаецот е вооружен, значи дека е на должност. Тоа што режимов им даде оружје на куп будали на кои не треба да им се довери ниту лопата, воопшто не е ново. Тоа што е ново, е дека не само што напаѓаат политички противници додека се на должност, туку напаѓаат државни функционери. Пратеник. Претставник на граѓаните.

Овие дивјаци не се полиција, тие се дел од пара-структурите во нашиот систем. Последните остатоци од ударната моќ на мафијата. Бранителите на браникот. Тие не ја бранат државата – тие ја напаѓаат. И како рак, го јадат системот од внатре.

За жал, напаѓачите биле многу пијани. Велам за жал, бидејќи ако биле трезни – можеби ќе сфателе дека им треба многу повеќе од десет луѓе за да соборат планина од човек како Максо. Идиоти.

Фејсбук статус на Павле Богоевски