(ВИДЕО) Дали ракетите “Томахоук” ја погодија целта и зошто сириската воена база се уште е во функција?!

од desk2
111 прегледи

Излегуваат нови и нови детали за резултатите од т.н. спектакуларен ракетен напад на САД против сириската воена база во провинцијата Хомс.

Првичните информации, особено оние што доаѓаат од западните и опозициските сили против Дамаск, велат дека авиобазата е “направена на парчиња”.

Воен пак извор од Сирија, цитиран од “Русскаја Весна” раскажува детали за последиците од ракетниот удар на САД. “Аеродромот” Шајрат “веќе половина се користел од страна на сириската армија како” депонија “, односно техника која чека на ред да се поправи или да биде извадена воената техника на сириската армија.

Како резултат на ракетниот удар на САД се уништени 6 авиона МиГ-23, кои биле на поправка 1 расклопен Ан-26 без крила и мотор и неколку мали авиони, од странско производство “, прецизира изворот.

Според неговите зборови, на аеродромот се уништени уште 2 цистерни, неколку автомобили, 1 трактор и една радиолокациска станица. Според експертите вкупните штети изнесуваат околу 3-5 милиони долари.

Во исто време, според првичните сметки, ракетниот удар ја чинел САД околу 90 милиони долари. Податоците од објективната контрола на разузнавањето покажуваат дека од 59 истрелани ракети “Томахоук” само една четвртина стигнала до своите цели.

Во реонот на аеродромот паднале 23 ракети, изјави на брифингот во Москва портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

Каде се паднати останатите 36 ракети засега не е утврдено. Конашенков додаде дека “пистаа за полетување, патеките за лет на авионите на сириските воздухопловни сили, кои се на чекање не се оштетени”.

Воени експерти коментираат дека ниската ефикасност и сомнителните резултати од ннанесениот удар врз инфраструктурата на сириската армија најверојатно ќе станат повод за бурни дискусии во Вашингтон, за правилна употреба на средствата на даночните обврзници во слични спектакуларни, но и акции со сомнителни постигнувања.