Тревис Херман е сопственик на пиварница во Атланта. Досега сите го познавале по неговиот екстремен изглед и долгата брада. Но, еден човек никогаш не бил вистински фан на овој изглед – неговата сопруга Кони.

Неговата брада секогаш ја сметала за неуредна и надвор од контрола. Меѓутоа и покрај љубовта кон брадата, Тревис чувствувал поголема љубов кон својата сопруга и затоа решил да ја изненади на посебен начин.
При тоа учествувал во шоуто на Рејчел Реј, во кое им се помага на луѓето целосно да го променат својот имиџ. Во видеото се гледа дека Кони апсолутно немала поим за тоа што се случува во долниот кат на куќата, односно таа спиела со нивниот син.
Тревис во 4 часот наутро доживеал неверојатна трансформација. Исто така целосно го променил стилот на облека. Погледнете што се случува кога таа го гледа за прв пат…. така изменет .