Воздушен балон со туристи падна во Турција.
Според прелиминарните податоци загинал еден човек, а други 20 се повредени, пренесе РИА Новости, повикувајќи се на локалните медиуми. Инцидентот се случил во близина на градот Невшехир во провинцијата Кападокија. Настраданите се однесени во болница. Деталите околу инцидентот се прецизираат.