Груевски: Близок сум со САД, а не со Москва, една искра може да го запали Балканот!

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Зоран Заев ќе ја  добие нашата поддршка само ако ја осуди и отфрли “Албанската платформа” и јавно се обврзе дека нема да  исполни ниту една точка од неа. Но, тој не прифаќа такво нешто. Тоа го вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред српското издание “Blic” во одговор на прашање под кои услови би го поддржал Зоран Заев да состави влада.

Според Груевски, ако земјата се раководи од кабинетот на Заев и албанска коалиција, “Република Македонија ќе биде двонационална држава со два официјални јазици”. “Останатите етнички заедници кои се богатството на сегашната мултинационална Македонија ќе бидат фрлени во втор план. Постепено ќе започне процес на кантонизација и федерализација што ќего  разбие интегритетот на земјата. Албанските партии не се откажуваат од условите за двоезичност на банкнотите, на полициските и воените униформи. Ќе започне дебата за химната, грбот и националното знаме, кои порано или подоцна ќе бидат променети.

Во моментов тоа го нарекуваат дебата, бидејќи немаат двотретинско мнозинство во парламентот. Ако го имаа, одамна требаше да биде направено “, вели Груевски.

Блиски сме со Запад не со Русија

На прашањето дали сочувствува со Русија, тој одговара: “Дали имам симпатии најдобро е да се прашува официјална Москва. ВМРО-ДПМНЕ е прозападна партија и дел од нашите стратешки приоритети е членство во ЕУ и НАТО. За мене не се неочекувани руските интереси на Балканот и Македонија.
Верувам дека сите вршат смотра на своите позиции и интереси, но мене ме интересираат интересите на Македонија и нејзините граѓани.

Јас сум убеден дека кај новите предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат со редовните локални можат да бидат излез од актуелната политичка криза …

Верувам дека сите меѓународни претставници во Македонија постепено се убедуваат дека е апсолутно недозволиво да се потпишуваат платформи во соседни држави и овие се предмет на договорот за идната коалиција. Верувам дека меѓународните претставници во земјата разбираат дека е целосно неприфатливо да се почитуваат албанските гласови, но да се игнорираат македонските во Македонија “.

Во однос на новиот претседател Доналд Трамп Груевски вели следново: “Со слабеењето на влијанието на Џорџ Сорос во регионот сигурно ќе се промени и политичката ситуација. Ќе биде обновено суверено право за решение на народот. Не сум човек кој верува и игра на картата на странска помош или интервенција на надворешните сили во внатрешните работи на Македонија. Верувам дека народот е доволно зрел да одлучи . Дали има потреба од реформатирате на државата или не, од новиот закон за јазиците или економијата, дали треба да има пазарење за избор на претседател на парламентот меѓу партиите и коалициите? Ние дадовме предлог за решавање на сите овие прашања.

Со новата администрација во Вашингтон имаме блиски односи, тоа е единственото нешто што можам да кажам. Повторно ќе повторам дека најдобро решение ќе биде најдено само ако сите во земјата вложиме максимални напори “.

Груевски го штити Вучиќ

Груевски одбива да ја коментира изјавата на српскиот премиер и новоизбран претседател Александар Вучиќ дека “нема да дозволи македонски сценарио во Србија”. “Не би коментирал странски изјави. Мое мислење е дека сите се повеќе јасно гледаат каков сценарио се спроведува подолго време во Македонија, околу изборите, избирачките списоци и победата. Неговата цел е да се игнорира волјата на нардот , вели Груевски. Нормално е Вучиќ да размислува и да се плаши од такво сценарио.

Сорос ли

“СДСМ и невладините организации кои се под контрола на Сорос, се во тотална симбиоза. Во последните 20 години Сорос целосно окупира невладиниот сектор во земјата и го стави во служба на СДСМ. Станува збор за финансиска, персонална и логистичка поддршка. Видовме како за една ноќ лидерите на овие НВОапод контрола на Сорос станаа пратеници од СДСМ и заштитуваат партиска политика. Станува збор за фалсификувани НВОа  и 90% од нив се финансираат и контролираат од Сорос “, додава Груевски. По повод тврдењето на “Форин полиси”, дека во случај на напон во албанско-македонските однос може да се дојде и до судир на Балканот, тој одговара: “Не ретко сме биле сведоци како еден конфликт  тргнува  од едно место на друго. Балканот се специфичен регион, тука се испреплетуваат многу регионални и глобални интереси. За жал, една фрлена искра може да запали оган и во другите земји. Гледаме дека има голем притисок во повеќето земји од регионот. Ќе биде глупаво да се исклучува какво и да било сценарио. Но наша должност е да работиме за надминување на проблемите и да не дозволуваме сегашното напон да ескалира “, нагласува Никола Груевски. во интервју за српски Блиц

фото Блиц