Ракометарите на Вардар триумфираа против Еурофарм Работник

од Vladimir Zorba
72 прегледи

 

Ракометарите на македонскиот првак Вардар ја остварија првата победа во плеј офот во борбата за шампионската титула, откако вечерва во одложениот дуел од 2.коло го победија Работник Еурофарм во Битола со 24:19 (14:12). Натпреварот беше одложен поради учеството на Вардар на завршниот турнир од СЕХА лигата.

Вардар на полувреме имаше само два гола предност 14:12, но во вториот дел одбраната на Вардар на противникот му дозволи да постигне само седум голови.

Најефикасен на дуелот беше Иван Чупиќ (Вардар) со седум голови, додека Лазо Мајнов (Работник) постигна најмногу шест во својата екипа.

Вардар утре од 15 часот ќе одиграат уште еден одложен натпревар против Пелистер на домашен терен, а утре се игра и првиот дуел од 4.коло меѓу Борец и Металург.

Табела: Металург 9 бодови (3 натпревари), Охрид 6 (3), Вардар 3 (2), Пелистер 3 (2), Еурофарм Работник 3 (3) и Борец 0 (3)