Биографски филм за „Квин“ излегува во 2018 во кината

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Гитаристот на “Квин” Брајан Меј соопшти дека биографскиот филм за групата “Боемска рапсодија” ќе излезе во кината во 2018 година. Лентата која раскажува за создавањето на бандата и животот на нивниот култен фронтмен Фреди Меркјури, е речиси готова, откако се развива во текот на речиси осум години, изјави 69-годишниот музичар.

“Филмот за Фреди доаѓа … порано отколку што мислите, следната година”, рече тој во интервју за “Дејли стар”.

Ова е прв пат во кој се соопштува кога ќе биде претставен проектот. Во прилог Меј изјави дека не е исклучено “Квин” да имаат концерти во Велика Британија, откако ќе заврши северноамериканската турнеја заедно со Адам Ламберт, кој ги толкува вокалите, на местото на Меркјури.

“Ние ќе сме во Америка во поголем дел од летото и потоа најверојатно ќе се вратиме (во Велика Британија) на крајот на годината”, рече тој.

Филмот за “Квин” помина низ многу пречки, пред да биде снимен. Првично комичарот Саша Барон Коен мораше да влезе во улогата на Фреди Меркјури, но го напушти проектот поради “креативни разлики”.