Јануш Бугајски: Новата руска офанзива во Македонија

од Vladimir Zorba

Москва отвори нов фронт на Балканот со насочени напори кон палење на македонската политичка криза. Целта е не само да се намалат шансите на Македонија за влез во НАТО и ЕУ, но и уште повеќе застрашувачки, Балканот да се претворат во конфликтна зона, која ги отсликува слабостите на Западот, како и да ги зајакне руското влијание.

Кога Југославија  ја започна својата исполнета со насилство разделба во 1991 година главната опасност за регионалната стабилност беше потенцијалниот конфликт за Македонија, кој можеше да се прошири и до неколку соседни држави. Дваесет и шест години подоцна можноста за поширок конфликт, тргна од Македонија, и повторно се надвисна над регионот. Македонскиот претседател Ѓорге Иванов  ја забрза последната внатрешна криза како блокирање формирањето на влада на Социјалдемократската партија (СДСМ). По последните избори во декември СДСМ успеа да состави остварлива коалиција со албанскиот партнер – Демократската унија за интеграција (ДУИ). Ако одлуката на Иванов не биде одблокиран од парламентот, тогаш кризата ќе се продлабочи и ќе прифати етничка димензија. Иванов се спротивстави на албанската платформа – договор потпишан од трите албански партии и содржи специфични услови за влез во управувањето. Неговите главни елементи се признавањето на албанскиот како втор службен јазик и еднакво распределба на ресурси во регионите на земјата, вклучувајќи и во западните области на Македонија, каде што доминираат Албанците. Албанскиот ДУИ одлучи да влезе во коалиција со опозицијата од СДСМ за две главни причини – незадоволство од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ при примената на албанските барања и учеството на ВМРО-ДПМНЕ во скандалот со масовно прислушување и други нарушувања кои дополнително ја  оддалечија Македонија од членство во НАТО и ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ не сака да губи контрола врз Владата, бидејќи нејзините лидери можат да се соочат со кривични обвиненија. Но без албански партнер ВМРО-ДПМНЕ нема доволно мнозинство од места за формирање на ново управување и владеење.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев е подготвен да формира влада со албанска партија.

Постојат два главни ризика од создавање на конфликт – политички поделби меѓу словенските Македонци и етнички поларизираност  меѓу Македонците и Албанците. Во најопасното сценарио албанските лидери можат да ја  напуштат планираната коалиција и да побараат други политички одлуки како територијална федерализација, ако политичкиот  ќор-сокак продолжи на неодредено време.

ВМРО-ДПМНЕ се обиде да го одвлече вниманието од истрагите против својата злоупотреба на службената положба велејќи дека албанската платформа ќе го  раздроби националното единство и ќе ја уништи државата. Од партијата исто така тврдат дека албанскиот премиер Еди Рама, кој беше домаќин на потпишувањето на платформата во Тирана, се меша во внатрешните работи на Македонија и ја гони програма за Голема Албанија.

И тука Москва излегува на сцената.

За Кремљ Македонија обезбедува уште едно важно вмешување за проширување на националните конфликти на Балканот и зголемување на антизападните расположенија. Зголемената кремаљска пропагандна офанзива содржи две главни пораки кои може и да се контрадикторни, но имаат за цел да се проие  на различна публика. За своите сопствени граѓани и странски партнери како Србија и Грција, руските власти гледаат на Македонија, Босна и Херцеговина и Косово како на американски “проекти”, чија цел е да им  се служи на американските и НАТО интереси. И трите држави се прикажани како вештачки и привремени конструкции и треба да бидат запрени од влез во НАТО и ЕУ.

Истовремено, за да и се допадне на македонската публика, Москва тврди дека антинационален преврат се врши во Скопје под насоките на САД. Дури уште поопасно, според руската дезинформации, која продира во медиумите и социјалните мрежи во регионот, Вашингтон ја поддржува поделбата на Македонија и Србија и создава Голема Албанија. На овој начин Кремљ се претставува како бранител на македонската држава во борбата со албанскиот иредентизам и наводниот муслимански тероризам.

Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваат со плановите на СДСМ.

Колку очајна станува ВМРО-ДПМНЕ во своето исклучување од власта, толку поверојатно е да им  се поверува на обвинувањата на Кремљ против Албанците. Сличен пристап може да стане саморежирано   пророштво, ако албанските партии бидат исклучени од владата, додека големите македонски партии продолжуваат да се судираат , оставајќи ја земјата оддалечена од западните институции и изложена на руски интриги.

ВМРО-ДПМНЕ организира протести против СДСМ во повеќето големи градови и формира “патриотски здруженија”, кои протестираат жестоко против наводното албанско доминација на земјата и  го осудуваат подмолното странско влијание. Слични движења се подготвени за скришно манипулации на Москва, вклучувајќи и преку финансирање и медиумско покривање.

Конфликт во Македонија може нагло да ескалира и да се прошири како Албанија, така и Косово во одбраната на нивните фаци по етнос, да ја ревидира српската владина антиалбанска регионална кампања и потенцијално да ги вовлече членките на НАТО како Бугарија, Грција и Турција во расправија на земјата на различни актери.

Секое барање за територија од една од страните ќе ги забрза ревизионистичките барања на другите со потенцијал за отворено насилство.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети.

За да се смири македонската криза и да се спречи секое ширење на несигурноста, Вашингтон треба да стане поактивен и видлив. Балканскиот регион брзо се претвора во тест за администрацијата на Трамп во однос на употребата како на морковите, така и на стапот, за да се заштитат западните интереси и европската безбедност. Силната дипломатија може да биде комбинирана со заложба за конечното прифаќање на Македонија во НАТО, без разлика под кое име. Ова ќе наметне деблокирање на двете пречки за македонскиот прогрес – пречка за дбинационална  коалициска влада што останува оддаден на државниот  интегритет, и грчкото вето на македонското членство во НАТО. Сличните потези ќе  се разубедување  како на паналбанските, така и пансрбските искушенија. И најважно за САД – ќе ја  намалат руската интервенција и провокации на уште лесно запаливииот  регион.

————————————-

Текстот е на Јануш Бугајски и е објавен на сајтот на Центарот за анализа на европските политики (CEPA).

Слични содржини