Јутарњи лист: Како стручњакот за веб-кампањи стана „државен непријател “ во Македонија

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Хрватскиот весник Јутарњи лист во рубриката „Спектакл“ објавува реакција на стручњакот за веб-кампањи Марко Греговиќ откако во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов бил прогласен за шпиун на Британската тајна служба.

marko-photo-foto

-Каква чест – изјавил иронично за весникот Греговиќ кој во емисијата бил обвинет дека е “комбинација на Че Гевара и Џемс Бонд кој разгорувал револуции во Украина, Романија, Србија и Македонија“.

qqq

-Лошата шега – како што наведува Греговиќ – новинарот Ефтов ја поткрепил од неговиот престој пред еден месец во Македонија на покана од компанијата Леад како експерт да одржи предавање за кампањи.

Инсуинациите да биде прогласен за шпиун на британските тајни служби за него се како лоша шега, но признава дека веројатно со таква конструкција која може да ти го загорчи животот не би му било сеедно ако требе да живее во Македонија.

-Тоа се сулуди комбинации – вели Греговиќ – не ги позавам добро македонските прилики за да можам да имам рационално објаснување за обвинувањата кои ми се ставени на терет во емисијата Во Центар на Васко Ефтов.

Целиот текст на јутарњи лист прочитајте го тука