Проврна во Македонија

од Vladimir Zorba
117 прегледи

 

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

26 Гевгелија, Д. Капија, Штип, Скопје Зајчев Рид, 25 Струмица, Скопје Петровец, 24 Виница, Тетово, Битола, Прилеп, 22 Кр. Паланка, Претор, 21 Тополчани, Ѓуриште, Берово, 20 Охрид, 19 Пожаране, 15 Маврово.

.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Претпладне сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста се зголеми почнувајќи од западните  делови и на повеќе места има  краткотраен пороен дожд со појава на грмежи. Дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Нестабилноста се движи од запад југозапад кон исток југоисток. Во моментов со нестабилност е зафатена и Скопската котлина, поточно западните делови каде  дува засилен ветер , пороен дожд и грмежи.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

До крајот на денот и во вечерните часови ќе преовладува променливо на повеќе места нестабилно облачно време со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува  умерен до засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта ќе настапи постепено стабилизирање на времето.

Скопје

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со поројни врнежи од дожд (локално над 25л/м2) и појава на грмежи. Ќе дува умерен југозападен, а кон крајот на денот и ноќта засилен северен ветер. Т-мин. од 5 до 11 а т-мин. 17 до 24 степени.

Скопје Променливо облачно, попладне нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува умерен југозападен, а кон крајот на денот и ноќта засилен северен ветер. Температурите 7 до 22 степена.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Позначителна промена на времето ќе има утре попладне и во вечерните часови, кога преку нашата земја ќе помине влажен бран од север кој ќе биде проследен со поројни врнежи од дожд и грмежи, особено  во северезаоадните и источните делови од земјава. На места се очекува да наврнат и над 25 л/м2 дожд. Утре претпладне ќе дува умерен југизападен, а кон крајот на денот, ноќта према понеделник и во понеделник  засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. И во понеделник ќе има повремени врнежиод дожд, особено претпладне а кон крајот на денот и ноќта према вторник  облачноста ќе се намалува, но ќе се задржи ветровито и посвежо.