Велигден е и денес го славиме воскресението на Божјиот Син Исус Христос. На полноќ во саботата спроти неделата, ѕвоната известија за воскресението на Христа.
Денес според традицијата на празничната трпеза треба да присуствуваат празнично лепче, вапцани јајца кои се даваат на блиски, јагнешко.
Според традицијата на празникот како жртва се принесува и јагне, кое се поднесува смртта за Исус. Црвените јајца ја симболизираат крвта на Божјиот син, а лебот неговото тело.
Воскресението Христово се празнува три дена, а до Педесетницата луѓето се поздравуваат со “Христос воскресна”.
На Велигден именден имаат сите со имињата Велики, Велика, Велико, Велија, Велислав, Величко, Величко, Вељко, Велко, Вељо, Вили и Велија . Честити да сте!