ЕК бара од Турција да обезбеди консензус за измени на Уставот

од Vladimir Zorba
67 прегледи

 

Турција би требало да обезбеди најширок можен национален консензус за уставните амандмани, имајќи го предвид тесниот резултат од референдумот за уставни реформи, соопшти синоќа Европската комисија.  

Врз основа на преброени 99 отсто од гласовите, 51,3 отсто од гласачите биле за измени на Уставот, додека 48,3 отсто се изјасниле против.

– Имајќи го предвид тесниот резултат и далеку сежните последици од уставните амандмани, ги повикуваме турските власти да се обидат да обезбедат најширок можен консензус за нивна примена, се вели во соопштението на Комисијата.

Станува збор за заедничко соопштение на претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.