Бугарското одморалиште “Сончев брег” ја предводи листата за најдостапни европски летувалишта според истражувањето на британските поштенски услуги.
Во рејтингот фигурираат вкупно 19 одморалишта, а најскап е шпанскиот остров Ибица. Истражувањето се базира на цената на туристичките стоки и услуги – од просечната цена за појадок, ручек и вечера во ресторан до цената на сончање.
На “Сончев брег” цената на таква кошница е 37 фунти дневно, додека на Ибица туристот треба да плати по 131 фунта за најнеопходното.
Еве го и рејтингот на најдостапните летувалишта:
Сончев Брег, Бугарија
Алгарве, Португалија
Коста дел Сол, Шпанија
Мармарис, Турција
Пафос, Кипар
И најскапите летувалишта:
Ибица, Балеарските Острови, Шпанија
Моррентино, јужна Италија
Ница, Франција
Задар, Хрватска
Лисабонското крајбрежје, Португалија
Последните години цените во одморалиштата на Бугарија, Турција и Кипар паднаа за Британците поради ослабувањето на нивните валути во однос фунти, велат експертите. Во земјите со еврото се случи спротивното: локалната валута се зајакна заради вестите за излегувањето на Велика Британија од ЕУ.