Во Москва ја чекаат Могерини за сериозен разговор за Балканот.

Сегашната ситуација на Западен Балкан бара сериозен разговор меѓу Русија и ЕУ во рамките на посетата во Москва на 24 мај на европскиот висок претставник за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Ова го изјави постојаниот претставник на Руската Федерација кон ЕУ Владимир Чижов.
“Во Западен Балкан Европската унија игра активна улога не за прва година, водејќи се по тоа дека земјите кои се уште не влегле во ЕУ, нужно сакаат тоа да се случи. Но гледаме дека степенот на ревност е различна, како и степенот на подготвеност. Во оваа желба за зајакнување на соработката со ЕУ ние не гледаме ништо лошо “, изјави дипломатот.
“Ќе видиме како ќе биде разгледана западнобалканската тема во текот на посетата на г-ѓа Могерини. Има теми за разговор “, додаде Чижов. / ТАСС