Претседателот на САД Донлад Трамп смета дека Американците имаат причина да бидат загрижени за почеток на нуклеарна војна меѓу Америка и Северна Кореја.
“Секогаш треба да се грижите. Не е јасно со кого си имаме работа “, вели Трамп во интервју за телевизискиот канал TMJ-4 што беше емитувано во вторникот. “Имав многу убава средба со претседателот на НР Кина и таа ми овозможи да научам многу”, додава тој. Според американскиот претседател, Кина поседуваат премногу моќ над Северна Кореја. “Ќе видиме што ќе се случи. Ситуацијата воопшто не е едноставна “, нагласува тој. Според него претходните аранжмани меѓу Вашингтон и Пјонгјанг биле исклучително штетни за американската страна. “Сега јас се најдов во ситуација кога тој (лидерот на Северна Кореја бел.ред) располага со нуклеарно оружје. И ние треба да направиме нешто со тоа. Се надевам дека тој сака мир, ние сакаме мир. На крајот сето тоа ќе зависи од тоа, но ние ќе треба да почекаме и да гледаме што се случува “, забележува тој.
Во меѓувреме агенција “Јонхап” соопшти дека севернокорејски телевизиски канал покажал видео клип на кој Северна Кореја нанесува ракетен напад врз САД. Клипчето е прикажано на свеченостите во чест на 105-годишнината од раѓањето на Ким Ил Сунг – дедо на сегашниот лидер Ким Јонг Ун. Балистички ракети лета над океанот и нанесува удар по американски град. Потоа е индицирано американскио знаме на позадината на гробишта. Кадрите се придружени со исполнување на државниот заслужен хор на Северна Кореја.
https://youtu.be/HEKDXrejLE8