Во недела, на 23 април, жителите на Гевгелија на референдум ќе одлучувааат дали се за или против отворање рудници на територијата на општината. Најавите се дека меѓународни компании од Канада во изминатите четири години добиле концесии од Владата за детални геолошки истражувања на две локации во Општина Гевгелија, односно на падините на планината Кожуф. Од работата на рудниците трајно, ќе се затруе целата околина, а ниту државата ниту граѓаните ќе имаат каква било корист.Профит имаат само концесионерите.
Жителите на Гевгелија утре на референдум ќе треба да се произнесат за прашањето дали да се прават истражувања на терен за да се отворат рудници на територија на нивната општина. Причината за ваквиот референдум се најавите за геолошки испитувања на падините на планината Кожуф. Според активистите на граѓанската иницијатива „ Спас за нас“ испитувањата ќе се вршат со експлозив и голема механизација, а потоа за да се одвои златото ќе биде употребувано цијаниц. Дел од партиите побараа Кожуф да се прогласи за природно заштитено подрачје..

Под истата закана се и жителитe на Валандово каде што компанијата „Сардич“ доби 35 годишна концесија и треба да започне со вадење бакар. И тамошните активисти остро се противат на овие решенија и најавуваат протести, но не се исклучува и можноста за референдум по примерот на гевгеличани.