Осмата епизода на „Брзи и бесни“ е на пат да постави историски рекорд

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Осмата епизода на “Брзи и бесни” продолжува да доминира во благајните ширум светот. Акцијата собра над 163 милиони долари само во изминатиот викенд. Само за 10 дена во кината, приходите надминаа 900 милиони долари и сигурно ќе го направат филмот еден од најпрофитабилните во историјата на кинематографијата.

Интересно е дека и покрај рекордните суми на глобално ниво, и учеството на голем број ѕвезди, осмата епизода собира помалку пари од седмата на родниот пазар, во САД.