Невидливиот гостин,прекрасен трилер на шпанскиот режисер Ориол Пауло

од Vladimir Zorba
149 прегледи

 

Синоќа на репертоарот на Скопскиот филмски фестивал беше прикажан шпанскиот трилер „Невидливиот гостин„на шпанскиот режисер Ориол Пауло.Овој прекрасно снимен трилер е продолжение на прославениот „Тело„(2012)Главниот лик,Адријан Дорија е успешен ,млад бизнисмен кој  има прекрасно семејство, жена и ќерка , и кој е вплеткан во мистериозното убиство на неговата љубовница Лаура Видал (Лени).

Ја запознава Вирџинија Гудман (Вагенер) , адвокатка со сребрена коса која треба да го брани обвинетиот , и која пристигнува во неговиот стан во пентхаусот  за да го разгледува случајот на убиството на љубовницата на овој млад ,успешен човек.Тој е нејзиниот последен случај пред пензија и таа не смее да дозволи да се искомпромитира сега на крајот на својата кариера а досега не изгубила ниеден случај. Таа се обидува да ја разоткрие вистината од Адријан. Еве ја неговата приказна. Се започнува три месеци порано , се случува несреќа на патот, Адријан и Лаура удираат во колата на едно младо момче и го усмртуваат .  Адријан технички не е виновен за несреќата, еден елен им излетува на патот, ременот откажува и тие ја удираат колата на момчето.Иако не се виновни, поради природата на нивната врска, решаваат да ја заташкаат несреќата. Адријан  ја потопува колата со момчето во блиското мочуриште додека Лаура е на патот, колата им е во застој.Лаура го запознава Томас(Коронадо), инжинер кој живее во близина и кој се понудува да и ја поправи колата на Лаура. Наскоро Лаура затреперува кога дознава дека момчето кое го усмртиле на патот е всушност синот на Томас и неговата срдечна сопруга Елвира(професорка по литература болна од рак).Адријан и Лаура решаваат да ја прекинат врската, но уцената ги спојува во непознатиот хотел(подоцна дознаваме дека Елвира работи таму). Адријан тврди дека е нокаутиран од страна на непознат напаѓач и кога ќе се рабуди минута подоцна ја гледа Лаура мртва, сепак убиецот исчезнува од ведро небо, бидејќи нма ни трага од провала внатре , тој е заклучен одвнатре во собата.Нарацијата е налик на сложувалка, деталите се мешаат, се реконструираат приказните со различни можности, за да Адријан изгледа невино што е всушност играта помеѓу Вирџинија и Адријан, таа се труди да ја исцица вистината од Адријан и да ја стекне неговата доверба.Која е всушност Ана Вагнер дознаваме на крајот. Таа игра дихотомна улога , во крајните сцени кога се вади маската и шминката од лицето откриваме дека зад камуфлажата е всушност мајката на убиеното момче . Таа и нејзиниот сопруг веќе имаат собрано доволно докази околу смртта на синот и тие и ги понудуваат на полицијата .

.Ориол Пауло ја држи напнатоста на гледачите од првиот до последниот момент во филмот. Филмот изгледа прекрасно, со убава монохроматска палета на бои полн со едноставни и добро структурирани кадри, сцените експертски се движат меѓу сегашноста и минатото.Филмот и приказната се прекрасно слиени, не зашеметува раскажувањето на приказната за на крајот да кулминира остроумноста на моралот.

Режија- Ориол Пауло  Улоги-Марио Касас,Барбара Лени,Ана Вагнер,Хозе Коронадо

Рецензија на Светлана Вељановска