“Брзи и бесни 8“ носи големи финансиски залаци од кино-пазарите

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Осмата приказна од серијата “Брзи и бесни” го задржува лидерството во северноамериканските благајни за трета последователна недела, покажуваат конечни податоци од неделата на “Егзибитор рилејшнс”. Филмот на Феликс Гери Греј со Вин Дизел, Двејн Џонсон и Мишел Родригез донесе уште 19,4 милиони долари на крајот на оваа недела во кината на САД и Канада и натрупа вкупно неверојатни 192,7 милиони од излегувањето.

Во светот оваа суперпродукција со буџет околу 250 милиони направи рекорд од 433,2 милиони долари приходи за три дена по објавувањето, што е многу повеќе од “Јура свет” (2015), кој го држеше рекордот во САД за најмногу приходи за премиерата .

Две нови ленти ја обликуваат финансиската тројка оваа недела на американскиот кинопазар. Комедијата “Како да бидеш латино љубовник” на Кен Марино со Еухенио Дербес и Кристен Бел, е втор со 12 милиони.

Третата позиција е на “Baahubali 2: The Conclusion“ индиската акциона драма за млад селанец, кој открива кралско потекло и се соочува со жедниот за власт историски негативец Бхаладева. Филмот прибра 10,1 милиони долари уште со првиот викенд.