Временска прогноза

од Vladimir Zorba
80 прегледи

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер поизразен вдолж Повардарието.

Температурата ќе се движи од 15 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер.

Температурата ќе достигне до 24 степени.

Потоа следува период на променливо и нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Во недела ќе се врати повремено силниот западен ветер и ќе биде и нестабилно на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава.

Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник и вторник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат во поголемиот дел од земјава.

Позначително но не и подолготрајно спуштање на температурата се очекува од среда.