Грчката влада сака да дозволи промена на полот во регистерот за граѓанско состојба без извршување на операција, спротивно на практиката во однос на мнозинството од случаите досега.

Предлог за ова прашање ќе биде подготвен за внесување во парламентот до средината на јуни. Предлог предвидува дека “секое возрасно физичко лице кое не е со склучен брак и е способно да врши правни дејства”, може да ја промени сексуалната припадност, без да се подложува на хируршка интервенција, како што бараа често досега правните власти.