(ВИДЕО) Снимка од местото на кое е убиен градоначалникот на Боговиње

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Алсат-М со ексклузивни снимки од местото, каде изутринава околу 10.45 часот е убиен градоначалникот на Боговиње, Хазби Идризи.

Градоначалникот на Општина Боговиње, Хазби Идризи, е убиен по вербална караница, помеѓу него и поранешен вработен во Општина Боговиње, со иницијали Ќ.А., која ескалирала во судир со огнено оружје.

Откако започнала караницатаа, сторителот најпрвин испукал шест куршуми во телото на Идризи, а потоа си пукал во главата и во Ургентниот центар во Скопје им подлегнал на повредите./извор АлсатМ