(ВИДЕО+ФОТО) Lajmi.net: Прекрасен прием на Зијадин Села во неговиот роден град

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Зијадин Села по 9 дена минати во болница е пуштен на домашно лекување.

По излегувањето од болница во Тетово тој пристигна во Струга, каде што беше пречекан од голем број граѓани, објави lajmi.net

Луѓето кои се собраа да го поздрават лидерот на ДР-ДПА држеа албански и американски знамиња.

Исто така носеа транспаренти, како на пример “Светот сака правда„.

Албанскиот пратеник беше еден од повеќето повредени пратеници и новинари, кои беа нападнати и тепани од хулигани кои насилно влегоа на 27 април во Парламентот, по моментот кога Талат Џафери од ДУИ беше избран за нов претседател на Собранието на РМ.

Зијадин Села беше во критична состојба по насилството/ извор Lajmi.net видео Struga Ekspres