Le Parisien пресмета како ќе заврши вториот круг во Франција

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Францускиот весник Le Parisien им  ги понудил на читателите сите  четири излези на вториот круг од претседателските избори во земјата.

Според материјалот на изданието, лидерот на движењето “Напред” и поранешен министер за економија Емануел Макрон најверојатно ќе ja задржи победата над претседателот на “Национален фронт” Марин Ле Пен.

Според првата опција, тој ќе победи во вториот круг на претседателските избори со 65% наспроти 35% .

Повикувајќи се на последните податоци од истражувањето на IFOP, новинарите изразуваат мислење дека Макрон може да победи со 63% наспроти 37%.

Според третото сценарио, Макрон може да триумфира на изборите “во стилот” на  Жак Ширак, собирајќи 80% од гласовите на Французите.

Последата т опција за излез од гласови, ако Макрон освои 55% од гласовите , новинарите го дефинираат како “пораз со вкус на победа”. Во овој случај поранешниот министер ќе има доволно гласови за да влезе во Елисејската палата, но не доволно за да “управува со земјата”.

 

Од друга страна, слабиот одѕив во вториот круг во Франција може да донесе победата на претседателот на “Национален фронт” Марин Ле Пен.

Ова мислење  го изрази белгискиот политиколог од Универзитетот во Лиеж Пјер Вержан. “Колку е пониска активноста, толку шансите за победа на Ле Пен се поголеми”, вели експертот, цитиран од RTBF.

Од  Министерството за внатрешни работи на Франција соопштија дека излезноста до 12 часот по локално време е 28,23%. Во првиот круг пред две недели таа изнесуваше 28,54%.