
Еден од највозрасните луѓе во Велика Британија, 107-годишниот Алберт Тејлор, ја откри тајната на долговечноста. Тој вели дека својата возраст ја постигнал благодарение на овесните снегулки кои ги консумира секој ден, пренесува “Метро”. На 4 мај Алберт го прослави 107-тиот роденден и стана осмиот најголем возрасен човек на Островот. Тој се гордее со тоа и најмногу со фактот дека се уште може да се движи, активен е и дури поголемиот дел од времето сам се грижи за својата состојба.

Според стогодишникот од Кингсуингфорд, она што го држи на нога, е секојдневната порција варени овесни снегулки, која никогаш не ги пропушта. Тој смета дека неговата здравствена состојба се должи токму на тоа и се мачи единствено за ретката коса.

Алберт се родил во семејство со седум деца, во кое тој бил најголем. Тој ги надживеал сите свои браќа и сестри. Има два сина и три внучиња. Поминува една недела во домот на едниот син, а следната се грижи сам за себе.