Маслиновото масло го чува срцето, го лечи црниот дроб, го забавува стареењето…

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Маслиновото масло би требало да стане составен дел на исхраната бидејќи може да се користи речиси за сите јадења и салати.

Ако имате повеќе од 50 години, последен момент е да почнете да го употребувате, особено ако имате хипертензија, ангина пекторис, лоша циркулација, зголемен холестерол и маснотии во крвта, мрсен црн дроб.

Или, ако сакате да живеете подолго, а побавно да стареете. Студиите покажаа дека заболените од кардиоваскуларни болести за третина умираат помалку доколку преминат на исхрана со маслиново масло.

Маслиновото масло може да го користите и за правење на вкусен премаз за сендвичи или како прелив за риба и пилешко(Во блендер измиксирајте исчистени маслинки, маслиново масло, малку бел лук и сезонски зеленчук по желба. Мерките одредете ги во зависност од количината на риба или пилешкото). А ако повеќе сакате маслинки, послужете ги со аперитив, сирење или добро црно вино, или исечкајте ги и додадете во салата од туна или пилешко.

С.В.
 

Слични содржини