Албанците никогаш не биле поединствени, a за „Голема Албанија“ најмногу зборува Белград

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Косовскиот претседател Хашим Тачи и неговиот албански колега во заминување Бујар Нишани, кој престојува во тридневна посета на Косово, оценија дека Албанците никогаш не биле поединствени од колку сега, независно каде и да се – во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Прешевската Долина или во дијаспората.

Според Тачи, Албанците никогаш во историјата не биле поединствени од сега, со многу повеќе комункација и блискост, бидејќи тие имаат заедничка евро-атлантска ориентација, каде и да живеат во регионот.

– Албанските политичари и партии во регионов, колку и да се различни треба да имаат идентична цел, а тоа е европска Албанија, европско Косово и европска Македонија.

Според него, за „Голема Албанија“ во овој миг најмногу зборуваат белградските медиуми и фукционерите во Белград.

– Голема Албанија, се споменува во Белград а не во Тирана или во Приштина. Тоа не е ништо друго туку игра на Србија за да создаде паника и немири на Балканот. Тоа го прават за да ги обвинат Албанците и да ја оправдаат сопствената деструктивност во Косово, Босна и целиот западен Балакан, изјави Тачи.