“Умре другарот Тито “, почина спикерот кој на Југословените им ја соопшти најтажната вест

од desk3
96 прегледи

Еден од најпознатите српски и југословенски спикери Миодраг Здравковиќ почина во 90 година. Здравковиќ е роден во 1927 година. Гимназија заврши во Заечар, студираше во Белград. Првите спикерски чекори ги направи во “Филмски новости”, а после силната конкуренција нa аудицијата, примен е во Радио Белград во 1954 година.

На телевизија почна да работи во 1960 година и веднаш се издвои како појава со својата вештина на соопштување.

Достоинствено, одмерено, со својата серозност ја потврдуваше веста кoја ја чита, па така и стана “спикер за важни вести “.
Ги читаше првите вести за атентатот на Џон Кенеди.
Трагичните настани во Чехословачка, во август 1968 година поминувајќи цели три часа во студиото соопштувајќи ги непрекинато пристигнатите вести.
Нешто слично се повтори и во текот на Конференцијата на неврзаните во Каиро.
Несомнено најнезгодната должност во рамките на своeто работно место во својата блескава спикерска кариера ја имал во недела 4 мај 1980 година, кога после краткиот и невообичаен прекин на програмата на нацијата и ја соопшти веста за смрта на Јосип Броз Тито.