Oд верските календари

од Vladimir Zorba
68 прегледи

 

 

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 мај.

Денеска е Св. пророк Еремиј.

Овој голем пророк се роди 600 години пред Христос, за кого пророкуваше (поточно, пророкуваше за падот на египетските идоли и за доаѓањето на Дева Марија со Синот Исус Христос, во Египет). Почнал да пророкува во својата 15-та година. Во текот на неговиот живот се изменувале неколку јудејски цареви, кои Еремиј преку своите пророштва се трудел да ги насочува кон праведно и правилно управување. Истите пораки им ги упатува и на своите сонародници, кои во тоа време биле длабоко западнати во идолопоклонство. Во врска со тоа го прорекува и првото опустошување на Ерусалим. Скоро потоа Ерусалим бил освоен и разурнат од Вавилонците. По падот на Ерусалим пророкот насила го одвеле, заедно со многуброен народ, во Египет. Таму Еремиј на дотогашните маки ја додава и маченичката смрт. Убиен е со камења од своите сонародници.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Матија.

Бил избран во апостолската служба наместо Јуда. Според хебрејските корени неговото име значело “Божји дар”. Повикан да биде апостол, тој бил сведок на Исусовото воскреснување. Умрел маченички така што му била отсечена главата.