Џ. К. Роулинг ги замоли фановите да не го купуваат украдениот историјат

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Авторката на серијалот “Хари Потер” го искористи профилот на “Твитер”, за да ги повика фановите да не ја купуваат предисторијата, која била напишана специјално за добротворна аукција. Минатиот месец таа била украдена од законскиот сопственик во Бирмингем, откако тој ја купил пред 9 години за 25 000 фунти и тоа во знак на поддршка за правата и слободите на писателите.

“Ве молам, не ја купувајте АКО ВИ ЈА предложат”, ги замоли Роулинг речиси 10-те милиони свои следбеници на социјалната мрежа.

Од своја страна, полицијата исто упати повик кон обожавателите на момчето-волшебник да се поврзат со нив, ако се открие кој е крадецот и дали се обидува да го понуди некаде вредното добро.

Заплетот на украдената приказна се врти околу тинејџерските години на таткото и кум на Хари Потер, три години пред неговото раѓање. Во историјата двајцата палавковци Џејмс Потер и Сириус Блек решаваат да избегнат прогон од шушумиги-полицајци и тоа како со полетување со метла. Нивните пресметки се испишани во рамките на 800 зборови на двете страни на разгледница.