Градоначалникот на селото Бормида, Даниел Галијано, ветуваше по 2.000 евра на секoј кој ќе сака да се пресели во ова италијанско село кое има 394 жители.

Тој рече дека од јавните фондови ќе одвојува субвенци за кирии кои би можеле да бидтат околу 50 евра месечно. Но, неговата замисла наиде на многу поголем број заинтересирани отколку што Галијано очекувал, поради тоа решил и да ја повлече одлуката.

