Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, по исказот во Обвинителството за „крвавиот четврток“, кажа дека секој момент е можно да се дадат гаранциите кај Ѓорѓе Иванов за доделување на мандат за составување на новата реформска влада.
Манчевски рече дека се подготвуваат гаранциите, но не даде конкретен одговор дали писмото коешто треба да се достави до Иванов е веќе напишано и дали нивните ставови се конечно усогласени.

Одговори на новинарски прашања –Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ
П1: Дел од забелешките беа дека се гонат за полесни кривични дела, а не за потешки кривични дела. Како вие гледате на овие случувања околу кривичната одговорност?
Добро, прво точно и во детали ги опишав настаните како што се случуваа, со сите закани по нашиот живот безбедносно, насилството коешто се случуваше врз на. Апсолутно сметам дека стануваше збор и за обид за убиство и за класично насилство. Сега прашање на Обвинителството е како понатаму ќе ги процесуира овие случаи. Ги даваме многу конкретни нашите изјави, со сите детални информации и се надевам дека во најскоро време и во Обвинителството ќе се покренат нови обвиненија коишто ќе значат потежок вид на кривични дела.
П2: Кога господинот Заев ќе оди кај господинот Иванов да го земе мандатот:?
Не знам, бев долго време, малку подолго, така што немам точни информации.
П3: Дали се подготвени гаранциите и кога ќе бидат доставени?
Прашање е на ден како што веќе кажав, секој ден очекуваме дека ќе бидат доставени овие гаранции или допис или што и да треба за господинот Иванов ја сфати вистината дека не е загрозен ниту унитарниот карактер на државата, ниту Уставот. И сами знаеме дека тоа беше негова политичка игра за да успее да му удоволи на Никола Груевски. Во ред, кажавме, спремни сме и секој ден кога и тој ќе биде подготвен тоа ќе може да го направиме.
П4: Подготвен е дописот?
Ќе ме извините, навистина бев тука веќе 3 часа и не знам точно да ви кажам.