100 години од раѓањето на првиот македонски претседател Глигоров

од desk3
104 прегледи

Научна конференција на тема: „Улогата на претседателот Киро Глигоров во меѓународното етаблирање на Република Македонија“ денеска ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).Конференцијата е по повод 100-годишнината од раѓањето на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров.

Организатор е Дипломатскиот клуб – Скопје со поддршка на МАНУ.

Најавено е обраќање на академикот и претседател на МАНУ Таки Фити, претседателот на Дипломатскиот клуб Данчо Марковски, академик Луан Старова, професорот Тодор Чепреганов…