Филмот „Насоки“ кој е работен во копродукција со македонските продуценти од „Сектор филм“, премиерно ќе биде прикажан на 26. мај со проекции од 11:00 часот и 16.30 часот во салата Debussy Hall. Режијата е на Стефан Командарев а филмот е во компетиција на програмата „Извесен поглед“ – “Un Certain Regard”.

На филмскиот маркет кој се одржува во рамките на Канскиот филмски фестивал, Македонија изложува заедно со земјите од Југоисточна Европа. Домашната Агенција за филм ја промовира кинематографијата со најновата филмска продукција, и ја рекламира земјата како дестинација за снимање филмови каде што со правото на поврат на средства во износ од 20% треба да се привлечат странските продукции да снимаат кај нас. Исто така, се разгледуваат можностите за копродукција, промоција на македонските филмски фестивали и други проекти од областа на филмската дејност.
Филмот „Насоки“ кој е работен во копродукција со македонските продуценти од „Сектор филм“, премиерно ќе биде прикажан на 26. мај со проекции од 11:00 часот и 16.30 часот во салата Debussy Hall. Режијата е на Стефан Командарев а филмот е во компетиција на програмата „Извесен поглед“ – “Un Certain Regard”.
Покрај официјалната премиера филмот ќе биде прикажан на маркетот на Канскиот филмски фестивал на 19. и 22. мај.
На годинашниот Филмски Маркет, ќе се прикажат три најнови македонски долгометражни играни филмови и тоа:
Новиот филм на Тeона Стругар Митевска „Кога денот немаше име“ , со проекција на 19. мај со почеток во 17.30 часот во ARCАDES 3, организирана од Агенцијата за филм на Република Македонија во соработка со селс агентот CERCAMON и продуцентската куќа Сестри и Брат Митевски;
Дебитантскиот филм на режисерот Ѓорче Ставревски „Тајната состојка“, со проекција на 23. мај со почеток во 12.00 часот во PALAIS G, организирана од Агенцијата за филм на Република Македонија во соработка со селс агентот WIDE Management и продуцентската куќа Фрагмент Филм;
„Година на мајмунот“, најновиот филм на режисерот Владимир Блажевски, со проекција на 24. мај со почеток во 10.00 часот во PALAIS Е, организирана од Агенцијата за филм на Република Македонија во соработка со продуцентската куќа Панк Филм.
Краткометражниот филм на Златко Калеников – „Железната приказна“ ќе биде презентиран во Short Film Corner – програма организирана од страна на Канскиот Филмски Фестивал , а во која филмски професионалци од целиот свет имаат можност да ги претстават своите филмови и да се сретнат со колеги од останатите земји, учесници во програмата, да разменат искуства и знаења, но и да воспостават соработки.