ЖРК Вардар го одбрани трофејот во Купот на Македонија

од Vladimir Zorba
104 прегледи

 

 Ракометарките на Вардар го освоија Купот на Македонија откако во финалето денеска го победија Металург со 45:19 (21:10). Ова за „вардарки“ е петти трофеј во ова натпреварување, а четврти во низа.
Финалниот дуел беше неизвесен само во првите десет минути кога Металург имаше и водство од 4:3, а потоа Вардар направи серија од 11:1.  Александра Лакрабер беше најефикасна на финалето со 12 гола.
Покрај победничкиот пехар беа доделени и индивидуални признанија. Лакрабер од Вардар го доби признанието за МВП (најкорисен играч), Сара Ристовска (Вардар) е најдобар стрелец, додека Матеја Серафимова (Металург) е најдобар голман.
„Фајнл фор“ турнирот од првенството на Македонија во женска конкуренција ќе се одигра утре и задутре во СЦ „Јане Сандански“. Во полуфиналните дуели играат: ЖРК Вардар – Куманово и Вардар СЦЈС – Металург/MIA