Утре спроти Скопско Кале настан: “Скопје чита”

од desk3
99 прегледи
 Многу поети и писатели од различни генерации го најавија своето присуство на утрешната манифестација “Скопје чита” која ќе се одржи во паркот спроти Скопско Кале со почеток во 17 часот.  До 18 часот ќе читаат група студенти,  додека од 18 до 20 часот настанот ќе продолжи со настап на реномирани писатели.

Манифестацијата „Скопје чита“ се одржува по втор пат, во организација на КИЦ – Скопје, на отворен простор и се очекува и оваа година скопјани да учествуваат на овој културен настан. Целта на настанот е да го привлече внимание на граѓаните кои случајно поминуваат и да предизвика љубопитност за настанот, а можеби и да ги поттикне да бидат дел од „Скопје чита“, слушајќи стихови посветени на љубовта, литературата, човечките судбини, различните чувства.

Оваа година ја организираат Линдита Ахмети, писател, и Арлинда Бафтиу.