На Црвeниот плоштад Русија ги славеше словенските просветители

од desk3
147 прегледи

Русија го прослави 24-ти мај, денот на словенските просветители Кирил и Методиј, со спектакуларен концерт на Црвениот плоштад.

 

Со поздравно слово на патријархот Кирил во Москва денес започна празничниот концерт на Црвениот плоштад по повод 24-ти мај.

Духовното единство, поврзувањето на словенските народи и почитувањетоа големото културно наследство, беше главна тема во говорот на патријархот Кирил.

 

Неколку илјади луѓе – музичари, танчери и пејачи учествуваат во грандиозниот концерт. Овој празник се одбележува не само во Москва, туку и во многу други руски градови. Денес на Црвениот плоштад беа  лоцирани неколку екрани. На нив можеше  да се види како се одвива прославата во Белгород, Нижнии новгоорд.

Веднаш по говорот на патријархот Кирил на плоштадот започна концертот. На почетокот се слушаа  дела од класични композитори, а потоа  славни шлагери од советските времиња.   Меѓу изненадувањата беше исполнувањето на Полина Гагарин, кој заедно со 1200 музичари и пејачи  исполни една од песните.