Судијката за која СЈО побара разрешување одлучувала за имотот на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Една од судиите кои ја донесоа одлуката да не се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ е Елена Илиевска Јосифовиќ, за која СЈО кон крајот на март поднесе барање за разрешување до Советот за утврдување на факти, дознава Макфакс.

Освен неа, против одлуката за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ бил и екс-претседателот на судот, Владимир Панчевски. И двајцата не се согласиле за барањето на СЈО да се стопира отуѓувањто на имотот на една од најбогатите партии во Европа. Според анализата на СКУП, вредноста на проценетиот имот на партијата предводена од Никола Груевски е над 60 милиони евра, која, како што се тврди, е многу побогата и од сестриската партија ЦДУ на Ангела Меркел, со над 93 имотни листови и вкупна површина од 330 илјади квадратни метри.

Специјалното јавно обвинителство до Кривичниот суд доставило вкупно 12 барања за замрзнување имот на 40 објекти на партијата, меѓу кои и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, како и докази и финансиски анализи. Откако Јосифовиќ и Панчевски експресно одлучија да не донесат одлука за замрзнување на имотот, СЈО вложи жалба, а конечните одлуки ги донеле два кривични совета.

Слични содржини