Истражувањата покажале дека црвената боја е нај доминантна и најтемпераментна боја во спектарот. Таа кај луѓето предизвикува најинтензивни реакции, го забрзува дишењето, работата на срцето. Со изборот на црвени вратоврски политичарите на бирачите им порачуваат дека се одлучни, храбри и силни, пишува 100 посто.
За црвена вратоврска не е потребна голема храброст, но да се облечете во црвено од глава до пета како хрватската претседателка веројатно не би можела баш секоја жена.
Таа зне дака на тој начин ќе се истакне и очигледно тоа не и пречи. Тоа е став и “нека ме гледаат и имаат што да видат. Еве ме, тука сум, подготвена сум. За политичар е добро да е така сигурен во себе”, анализира психијатарот Владимир Груеден.
Колинда Грабар Китаровиќ сака црвени костими како што не е вообичаено за политичарки, но во прилики каде таа е единствена од ретките жени на одреден настан, ако не и единствена, најчесто одбира црвени фустани кој ја истакнуваат нејзината фигура.
“Toа е лукавство. Таа така на другите државници им порачува дека им е еднаква, ако не и прва меѓу нив”, рече психијатарот Груден.
Хрватската претседателка во црвен фустан не се сретна само со Трамп, туку и со канадскиот премиер Џастин Трудо, но и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

На функцијата претседателка на Р Хрватска Колинда дошла од НАТО, каде ја чека работтаа кога ќе и заврши мандатот. Црвена боја ја избра и за конференцијта на НАТО самитот во Сплит. Во тесна црвен дизајниран фустан уште повеќе се исцртала меѓу бројните мажи во униформи.
“Претседателката сака да стави до знаење дека е победничка, дека е подготвена на соочување и дека ќе се бори. А народот сака да го водат луѓе кои веруваат во себе”, рече загрепскиот психијатар Владимир Груден. 
Во дизајнот и во уметноста црвената боја се користи кога на нешто се сака да се стави нагласок. Со црвената боја се врзуваат поимите како што се страст, љубов, секс, возбудување, крв, енергија, ентузијазам, топлина и сила.
Црвената има и негативен контекст, а тогаш означува агресија, борба, лутење, револуција, суровост и неморал, пишува 100посто.